Запчаници
Во нашето дваесет годишно постоење имаме изработувано запчаници за принтери и копир машини како и за кранови кој креваат терети и до 160 тони.
Нашите капацитети за изработка на запчаници со прави заби се од модул 1 до модул 14 со пречник до ф1200mm и висина 280mm, додека за коси заби од модул 1 до модул 10 со пречник од ф800mm и висина од 220mm.
Истотака имаме технички можности за термичка доработка на изработените запчаници како калење и цементација на истите.
За изработените запчаници кај нас добивате гаранција за квалитет на изработениот дел како и сертификат за материјалот од кој се изработува.
Модул 14 број заби 78 надворешен пречник ф1120mm висина 120mm
Модул 6 број на заби 100 агол β=9.30 десен надворешен пречник ф620
Модул 14 број на заби 17 и 15