ЗАПЧАНИЦИ
Во нашето дваесет годишно постоење имаме изработено запчаници за принтери и копир машини како и за кранови кој креваат терети и до 160 тони. Нашите капацитети за изработка на запчаници со прави заби се од модул 1 до модул 14 со пречник до ф1200mm и висина 280mm, додека за коси заби од модул 1 до модул 10 со пречник од ф800mm и висина од 220mm.
НАЗАБЕНИ ВРАТИЛА
Во нашето долгогодишно искуство имаме изработено разни видови од назабени вратила и нажлебани вратиа за редуктори кој се продаваат за комерцијална употреба па се до вратила кој се употребуваат во тешки индустриски машини, валачки станови за производство на челик, дробилици за камен итн.
ПОЛЖНИ ЗАПЧАНИЦИ И ПОЛЖЕВИ
Во нашата работа имаме изработено полжеви и ползни тркала за редуктори, трактори и мултикултиватори, за лифтови и др. Полжните тркала ги изработуваме од бронза која е набавена од нашава земја, истата е со врвен квалитет која е издржлива на абење како што се калајната бронза и алумиската бронза која е со поголема цврстина.
ОСОВИНИ И ВРАТИЛА
Нашата фирма располага со технички можности за изработка на осовини и вратила со димензии ф300mm и должина од 2000mm. За осовините и вратилата изработени кај нас имаме технички можности истите да ги избрусиме и термички да ги доработиме со калење или цементација како и да изработиме жлебови за кајли и разни навои како метрички, цоловни, пиласти,трапезни и др.
СПОЈКИ
Со нашите индустриски капацитети како и со нашето искуство и техничко знаење и познавање на машинската техника, изработуваме спојки од разни модели како што се назабени спојки, еластични спојки, перифлекс спојки, канџести спојки и друго.
РЕДУКТОРИ
Машиноекспорт е фирма која има стручни и искусни машински инжењери и висококвалификуван технолошки кадар. Со нашата стручност, знаење и искуство сме во можност да изнајдеме решение за вашите преноси како што се редуктори, мултипликатори и останато.
ЛАНЧАНИЦИ
Машиноекспорт има можност за изработка на ланчаници за вашите потреби. Изработуваме ланчаници едноредни, дворедни и повеќередни односно секакви видови на ланци. Ланчаниците имаат можност да бидат пламено или индуктивно површински закалени.